Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Кумановската полиција не добила пријава од општината, ниту пак при проверка е видена плоча на УЧК во село Сопот
Македонија

Кумановската полиција не добила пријава од општината, ниту пак при проверка е видена плоча на УЧК во село Сопот

08/11/2023

AA

И полициските службеници од кумановската полиција при проверка не забележале плоча во село Сопот, соопштија денеска од СВР Куманово. Оттаму додаваат дека не пристигнала пријава од општината за објектот во село Сопот каде што викендов беше промовиран меморијален комплекс.

-До СВР Куманово нема доставено пријава од страна на општина Куманово во врска со поставена плоча во село Сопот. Од страна на СВР Куманово извршена е проверка при што во моментот на пристигнување на полициските службеници на самото место таква плоча не е забележана, соопштија од СВР Куманово.

Градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски, вчера кажа дека целиот објект е дивоградба, изграден на државно земјоделско земјиште и најави кривична пријава, дополнувајќи дека Општина Куманово нема издадено никаква документација во врска со градба на објектот. Од страна на надлежна инспекциска служба бил направен записник кој, како што посочи Димитриевски, е насочен кон непознато лице, бидејќи од присутните лица таму никој не се пријавил дека е инвеститор или, пак, сопственик на објектот.

– Во рок од три дена додека трае постапката паралелно ќе доставиме пријава и до полиција да се открие НН сторителот на ова кривично дело и веднаш по затворање на записникот и истекот на рокот ќе биде процесуирана кривична пријава против сторителот, во овој случај НН лице, изјави вчера Димитриевски.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy