
Кумановец си набавил диви животни, полицијата му поднесе кривична!
СВР Куманово поднесе кривична пријава против С.С.(36) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено ловење, чување и оттуѓување диви животни и птици“.
Во текот на 2021 и 2022 година, пријавениот набавил две диви животни за кои немал издадено одобрение и не биле регистрирани во државен инспекторат за шумарство и ловство за да може да ги одгледува и размножува.

