
Кумановец почина откако со автомобил удрил во паркиран автобус
Педесетгодишен кумановец почина по здобиени повреди откако со неговиот автомобил удрил во паркиран автобус кај село Доброшане, соопшти денеска СВР Куманово.
– Вчера околу 20:30 часот во СВР Куманово било пријавено дека на регионалниот пат Куманово-Свети Николе, во село. Доброшане, Kумановско, Г.И.(50) од Куманово, управувајќи патничко возило „алфа ромео“ со кумановски регистарски ознаки, изгубил контрола и удрил во паркиран автобус на превозно претпријатие. Во несреќата, Г.И. се здобил со тешки телесни повреди, по што бил пренесен во болницата во Куманово каде набргу починал, информираше полицијата.