
Куленовиќ и Пјаца ја крунисаа доминацијата на Динамо (ВИДЕО)
„Модрите“ ја контролираа играта во текот на целото прво полувреме, но головите ги постигнаа во последните осум минути. Во 37. минута, по еден корнер, Пјаца ја врати топката на петерецот, таму Куленовиќ брзо реагираше, во првиот обид ја погоди пречката, а во вториот ја испрати во мрежата. Во судиското продолжение Пјер Габриел нафрли од левата страна, а Пјаца со глава зголеми со 2-0.
Динамо можеше да има уште поубедливо водство бидејќи во воведните моменти Гачевски го одбрани ударот на Куленовиќ, а во 40. минута Бруно Петковиќ не искористи ситуација „еден на еден“ бидејќи се лизна и не успеа да шутира.