Кучиња скитници каснале три лица во Скопје
Вчера биле пријавени три случаи на каснувања од улични кучиња на различни локации во Скопје.
Најпрво во 11.30 часот во Полициската станица Кисела Вода, И.С.(46) од Скопје пријавила дека на ул.„474“ била касната од куче скитник.
Потоа во 15.45 часот во Полициската станица Карпош, А.Т.(49) од Скопје пријавил дека на ул.„Езерци“ неговиот малолетен син бил каснат од куче скитник.
И последниот случај е регистриран во 16.40 часот во Полициската станица Драчево, кога А.Н.(28) од Скопје пријавил дека на ул.„Бранко Заревски“ бил каснат од куче скитник.