
КУЧИЊА НАПАДНАЛЕ ДВЕГОДИШНО ДЕТЕ ВО БИТОЛА Со тешки повреди е пренесено во Клиничкиот центар во Скопје

Страшен настан се случил вчера во Битола, кучиња скитници нападнале двегодишнно дете и тешко го повредиле!
„На 6.2.2026 година во 15:53 часот во СВР Битола од страна на доктор од Клиничка болница Битола е пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди е донесено двегодишно дете од Битола. Според пријавеното, додека си играло во близина на семејната куќа во Битола, детето било нападнато од кучиња скитници. Детето е пренесено во Комплекс клиники Мајка Тереза во Скопје на понатамошно лекување“, соопшти полицијата.
СВР Битола презема мерки за расчистување на настанот.
.

