
КУЌА НА КРИТ ЗА САМО 60 ИЛЈАДИ ЕВРА: Во грчки стил, пространа и е со тераса на покривот
Сигурно е сон на многумина да купат куќа покрај море и да го поминат остатокот од животот гледајќи ја убавината на природата покрај брегот. Неверојатно е да се помисли дека се продава еден таков, на еден од најубавите грчки острови – Крит, за само 60.000 евра.
– Куќа на Крит за само 60.000 евра. Овој прекрасен имот нуди спална соба, бања, дневна соба, трпезарија и кујна. Најдобриот дел е покривната тераса од 40 квадратни метри. Куќата има и традиционален шарм, бела фасада, сини врати и прозорци – се вели во изданието.
За внатрешноста се вели дека е пространа и свежо обоена, со отворена кујна во морско сино. Дворот и терасата се идеални за одмор и уживање во прекрасниот поглед.
Видеото може да го погледнете тука
