Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Ктиторска вечерна и литургиски спомен на Светиот Јован Дебранин основач на Бигорскиот манастир
Македонија

Ктиторска вечерна и литургиски спомен на Светиот Јован Дебранин основач на Бигорскиот манастир

12/09/2023

AA

По одбележувањето на патронот во манастирот Свети Јован Крстител, попознат како Бигорски манастир, одржана е ктиторска Вечерна и литургиски спомен на Светиот Јован Дебранин, основач на манастирот.

– Според одредбите на православната еортологија, по секој поголем празник, Господов или Богородичен, се прави спомен на Светителите кои имале директен или индиректен удел во историскиот спасителен настан. Па така, и според древното манастирско предание, по централната слава на еден манастир, се прави спомен на првиот Ктитор, но и на сите ктитори, градители, игумени, монаси, подвижници, објави Свештената бигорска Обител.

Додаваат дека по празничниот амбиент во Бигорската Обител заради споменот на славниот Претеча и Крстител Господов Светиот Јован, кој е тивко пристаниште и утеха за оние што пловат по бурното море на овој живот и сигурна скала кон небото, беше заокружен со Ктиторската вечерна богослужба.

Веднаш потоа, Старецот на Обителта, Преосветениот Епископ г. Партениј, отслужил панихида, на која се помолиле за покој на душите на сите блаженоупокоени бигорски ктитори и монаси.

– Таа соборна молитва продолжи и денес, со светата Божествена Евхаристија, со што се изврши правилото и долгот за помен на сите наши претходници, кои своите животи, своите трудови, пот и агонии, ги вложиле во темелите на овој Претечев дворец, а пред сѐ, на Светиот отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв Ктитор на нашата Света Обител, по чиишто молитви ние денес смирено се трудиме да ги подражаваме, посочуваат од Свештената бигорска Обител.

На Светата Литургија чиноначалствувал епископ Антаниски г. Партениј, игумен на манастирот, кој всушност, како што стои во објавата, ги има “најголемите историски заслуги за изградбата, украсувањето но и исполнувањето на Обителта со монаси, монашко предание и богољубиви верници во наши дни, во време кога се забележува општа распуштеност и рушење на сите христијанските вредности”.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy