Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 КСС нема да го потпише предложениот општ колективен договор
Македонија

КСС нема да го потпише предложениот општ колективен договор

18/07/2023

AA

Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија (КСС) нема да го потпише Општиот колективен договор за јавен сектор предложен од Владата, за кој попладнево повторно седница ќе има владиниот Економско-социјален совет.

Претседателот на КСС Благоја Ралповски на прес-конференција рече дека во текот на разговорите со министрите не се согласиле со став 2 од член 14 од предлог општиот колективен договор за кој рече дека е „камен на сопнување“. Несогласувањето досега не го соопштиле јавно зашто очекувале Владата да го промени ставот со негово изоставање од текстот кој, како што рече, се крие од јавноста, но досега не добиле нова понуда.

Во членот 14 од предлогот, што КСС им го претстави на медиумите, во првиот став пишува дека „Основната бруто плата на вработените во јавниот сектор се зголемува за 10 отсто, почнувајќи со исплата на септемвриската плата во 2023 година“.

Спорно за КСС е вториот став во кој е наведено: „Доколку индексот на трошоците на живот во првите шест месеци во 2024 година надминуваат 3 проценти, основната бруто плата на вработените во јавниот сектор се зголемува во процентуален износ како разлика помеѓу реализираниот пораст на индексот на трошоците на живот со утврдениот од 3 проценти““. Во третиот став на член 14 пишува дека „процентот на пораст на платата од став 2 на овој член се применува со исплата на септемвриската плата во 2024 година“.

Ралповски рече предложениот општ колективен договор е штетен за работниците затоа што им одзема многу права и дека со него од наредната година ќе биде тргната минималната плата од законите.

-„Каменот на сопнување“ кој се сокрива од јавноста е предложениот член 14 став 2 од Општиот колективен договор. Тоа е последната точка за која не најдовме договор и за која бевме замолени од министрите да не ја кажуваме во јавноста, дека ќе имаме посебен договор. Тоа ќе значи дека во 2024 година сите што имаат минимална плата, согласно законите, во јавниот сектор, државната администрација, даватели на услуги, војската итн. ќе биде променето во законот, минималната плата ќе биде исфрлена, рече претседателот на КСС.

Како што рече, на овој начин следното покачување ќе биде во 2025 година.

-Уште пострашно е што нивните проекции дека инфлацијата или трошоците на живот во 2024 ќе бидат само 2,5 проценти. Дрско се манипулира со јавноста дека нашето зголемување или усогласување на платите ќе биде над 3 проценти. Значи, ако имаме инфлација од 4 проценти, усогласувањето ќе биде од 1 процент. Ние како конфедерација, како грански синдикати, остро се спротивставивме на ова и децидно го отфрливме. И денес не прифаќаме ваков општ колективен договор затоа што вработените во јавниот сектор нема да добијат никакво покачување во цела 2024 година, а со тоа, според нивните проекции, зголемувањето на просечната плата што треба да биде во март, од 6,4 отсто ќе падне под 4 проценти, така што следното покачување на платите на вработените во јавниот сектор во 2025 година ќе биде 3 до 4 проценти, рече Ралповски.

Додаде дека наместо да биде чекор напред, предлогот е враќање два чекора назад.

-Не бараме многу, бараме како што го почитуваат нивниот закон за именувани лица и секоја година со овие 10 проценти, следната година ќе си ги усогласат платите од 15-16 проценти. Бараме и ние, согласно со Законот за минимална плата и порастот на минимална плата да ја имаме таа законска можност и да ни ги усогласат платите во 2024 година, а не со општ колективен договор да ги поништуваат сите колективни, поединечни колективни договори и Законот за минимална плата. За КСС е тоа сосема неприфатливо и едногласно отфрлено од сите органи и на вакво нешто не ставаме потпис. Денеска ќе присуствуваме на ЕСС, но категорично ќе бидеме против овој член кој одзема едно круцијално право на работниците и дрско се манипулира со нив со тоа што не се зголемуваат платите во 2024 година, рече Ралповски.

КСС ја поздравува новата методологија за пресметка на плата од 2025 и договорот за К-15, но, рече, делумно го поздравуваат усогласувањето т.е. зголемувањето на платите од 10 отсто.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy