
Крвна одмазда ја потресе Босна и Херцеговина
Kрвна одмазда се случи во Босна и Херцеговина (БиХ).
Во Велика Кладуша синоќа е убиен Асмир.Х. кој поради добро однесување неодамна излезе од затворот во Зеница каде ја отслужи казната за убиството на Хасан Граховиќ кого го убил на 7 јануари 2021 година. Како што соопшти полицијата, се работи за крвна одмазда, а убиецот на А.Х. е брат на покојниот Хасан.Г.
Велат дека 35-годишен маж пукал во 28-годишен маж и му нанел фатални повреди. Убиецот е уапсен и ќе биде предаден на Обвинителството на УСК. Двајцата се од Велика Кладуша, пренесе порталот „Аваз“.
Изет Изо Граховиќ, братот на брутално убиениот Хасан.Г., се подготвувал за крвна одмазда. Околу 22 часот Асмир наишол на улицата Махмут Зулица во близина на училишниот центар во Велика Кладуша. Откако го дознал тоа, Изет веднаш отворил оган. И.Г. испукал неколку куршуми кон А.Х. Откако го завршил планот, отишол во полициската станица во Велика Кладуша и се предал. Случаи на крвна одмазда претходните години имало и во Албанија и во соседна Србија.