Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Крушево, Демир Хисар и Кривогаштани добија нов Митрополит Јован кој се врати во матичната МПЦ ОА
Македонија

Крушево, Демир Хисар и Кривогаштани добија нов Митрополит Јован кој се врати во матичната МПЦ ОА

09/09/2023

AA

Според договореното меѓу Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, Јустинијана Прима и Српската Православна Црква, како и одлуките на двата Свети Архиерејски Синода, денес во храмот Свети Никола во Крушево беше извршена интронизација на владиката Јован во Митрополит Крушевско-Демирхисарски, со што официјално заврши неговото покајно враќање во редовите на матичната МПЦ, од која произлезе како архиереј, пред, во времето на најголемата напнатост и разлики меѓу МПЦ и СПЦ, кои тогаш се чинеа непремостиви, да се отцепи во т.н. ПОА, со која тогаш се приклони кон СПЦ.

На чинот на интронизацијата и предавањето на митополитскиот жезол, кој го изведе митрополитот Преспанско-пелагониски и администратор Австралиско-новозеландски г. Петар, беше соопштено дека на владиката Јован, од преспанско-пелагониската епархија се одвојуваат и му се доделуваат над 90 цркви и 10тина активни параклиси, како и 20 манастири на подрачјето на три општини – Крушево, Демир Хисар и Кривогаштани.

Владиката Петар рече дека очекува новоинтронизираниот митрополит, за брзо време да организира монашки живот барем во половината од манастирите кои во моментов се без монаси, а како прва, најскора задача да ја освети црквата во манастирот Свето Преображение во Крушево. Тој нагласи дека како аманет на новиот митрополит Јован му ја остава намерата да се изгради црквата Свети Крил и Методиј во Демир Хисар, чии темели се веќе почнати, како и да ја реализира идејата за изградба на црква на Мечкин Камен посветена на Свети Илија, која ќе биде потсетник и за славната Илинденска Епопеја.

Митрополитот Петар нагласи и дека новата Митрополија е соодветно поле за „реевангелизација” на Црквата за која владиката Јован често во минатото зборувал дека е потребна, додавајќи дека напоредно со „реевангелизацијата” на македонскиот народ му е потребна и „репатриотизација”- враќање на чувството на патриотизам кај народот.

Митрополитот Крушевски и Демирхисарски г. Јован, потсетувајќи се на својата хиротонија како епископ во редовите на МПЦ пред 25 години, во својата беседа ја нагласи потребата од единство во Црквата, за која рече дека во еден дел, со СПЦ сега е остварена иако пред децении се чинела невозможна, но посака тој пат да продолжи кон единство со целата вселена на Црквата.

На чинот на интронизација покрај многубројниот верен народ, свештенослужители и монаси, присуствуваа митрополитите Црногорско-Приморски, Јоаникиј, Кумановско-осоговски, Григориј, како и епископите Пахомиј, Јоаким, Марко, Климент и Јаков. Беше присутна и амбасадорката на Србија во Македонија, Невена Јовановиќ, како и градоначалникот на Крушево, Томе Христоски кој учествуваше и во Светата Божествена Литургија читајќи го Символот на верата.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy