Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Крстевска: Многу е чудно како обвинетиот Палевски дошол до записниците од испитувањето на останатите обвинети
Македонија

Крстевска: Многу е чудно како обвинетиот Палевски дошол до записниците од испитувањето на останатите обвинети

27/01/2025

AA

Обвинителството презело доволно дејствија и сите наводи на обвинетиот Љупчо Палевски Палчо се неосновани, изјави јавната обвинителка Жаклина Крстевска. Според Крстевска, обвинетиот ја искористил можноста за поднесување барање за изземање за да ги изнесе своите наводи кои начелно му одат во поткрепа на неговата одбрана.

„Доказите се веќе приложени во списите од предметот и преку презентирање на видео записи ќе ја приближиме јавноста до конкретните дејствија што ги презел обвинетиот, кој цело време негираше учество во настаните“, рече Крстевска одговарајќи на новинарски прашања по завршувањето на денешното рочиште пред Основниот кривичен суд во Скопје.

Обвинителката ја демантираше и тврдењето на обвинетиот Палевски дека неговиот сообвинет Боре Видевски поседувал нелегално оружје. Крстевска истакна дека обвинителството располага со сите потребни докази, кои се приложени во списокот на докази.

„Сите дејствија се преземени од страна на обвинителството. Во врска со изјавата на адвокатот на Палевски дека другите обвинети преговарале со обвинителството, тоа не е точно. Ниту еден бранител не разговарал со обвинителството надвор од службените дејствија“, додаде Крстевска.

Таа исто така изрази сомнеж за тоа како обвинетиот Палевски добил записници од испитувањето на останатите обвинети, кои, според неа, не би требало да бидат во негова сопственост, бидејќи тие документи се за исклучиво користење на обвинителството.

„Многу е чудно како обвинетиот Палевски дошол до овие записи, бидејќи тие се списи само за обвинителството и не се доставени на увид на одбраната“, истакна Крстевска.

Во однос на прашањето дали ќе се истражи кој од обвинителството му ги дал овие записи, Крстевска посочи дека не можат да се изнесат конкретни детали додека не се преземат конкретни дејствија за истото лице.

„Доколку имаме докази, ќе се произнесеме“, заклучи Крстевска.

Првообвинетиот за двојното убиство на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, Љупчо Палевски Палчо, на почетокот на денешното рочиште побара изземање на јавната обвинителка Жаклина Крстевска и целото ОЈО Скопје поради несоодветно спроведена истрага. Судијата Ивица Стефановски го одложи судењето за 3 февруари, напоменувајќи дека ќе се чека одлуката на Републичкиот јавен обвинител Љупчо Коцевски по барањето за изземање.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy