Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 КРИЗАТА ГО РАСТУРА ОВОЈ БРЕНД НА СПОРТСКА ОПРЕМА КОЈ ГО ОБОЖУВАМЕ: Гигантот отпушта вработени, а паѓа и вредноста на берзите
Економија

КРИЗАТА ГО РАСТУРА ОВОЈ БРЕНД НА СПОРТСКА ОПРЕМА КОЈ ГО ОБОЖУВАМЕ: Гигантот отпушта вработени, а паѓа и вредноста на берзите

22/04/2024

AA

Американскиот гигант Nike има намера да го отпушти секој 50-ти вработен како дел од мерките за намалување на трошоците! Компанијата во петокот ги извести државните власти дека планира да отпушти 740 вработени во своето седиште во Орегон веќе во јуни.

– Од 28 јуни компанијата трајно ќе ја намали работната сила во своето светско седиште – напиша во известувањето потпретседателот на еден од најголемите светски производители на спортска опрема, Микеле Адамс.

Џон Донахо, извршниот директор на компанијата, пред два месеци објави дека планира да ја намали работната сила за околу 2 отсто, или за повеќе од 1.600 вработени, пишува US Today.

Компанијата имаше околу 83.700 вработени на 31 мај 2023 година.

– Најк е секогаш најдобар кога напаѓа! Акциите што ги преземаме нè ставија во позиција да ја прилагодиме организацијата за да добиеме најголеми можности за раст бидејќи интересот за спортот и здравјето никогаш не бил поголем – изјавија од компанијата и потврдија дека промените ќе влијаат на приближно 2 проценти од вкупната работна сила.

Отпуштањата се дел од мерките за намалување на трошоците

Отпуштањата се дел од тригодишниот план за кратење на трошоците од 2 милијарди долари, кој Nike го објави во декември.

Компанијата има за цел да ги намали трошоците бидејќи предвидува „низок едноцифрен“ пад на приходите во текот на првата половина од новата фискална година, која започнува на 1 јуни.

– Нашето портфолио на производи го имплементираме низ преодниот период – рече главниот финансиски директор на компанијата.

Акциите на компанијата минатата недела пораснаа за речиси 2 отсто, меѓутоа, од почетокот на годината паднаа за повеќе од 11 отсто, а во последните 12 месеци за повеќе од 23 отсто.

Извор: Курир.рс, US Today

Фото: ЕПА

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy