Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Криза мермер не гризе! Која прилепска компанија и скрши заби на инфлацијата?
Економија

Криза мермер не гризе! Која прилепска компанија и скрши заби на инфлацијата?

07/03/2024

AA

Извозот на Мермерен комбинат лани надмина 29
милиони евра колку што е речиси и целата продажба. Добивката на компанијата во
услови на силна инфлација изнесува 13,7 милиони евра. Од целиот годишен приход
лани во добивка останале 47 отсто, што е фантастичен резултат што им конкурира
дури и на големите домашни банки

Мермерниот комбинат Прилеп имаше одлична
година во услови на неизвесно и непредвидливо деловно опкружување, покажуваат
резулатите од неговите финансиски извештаи.

Приходите од продажба на Мермерен комбинат не
претрпеле никакво влијание од инфлацијата со која се соочува националната, но и
глобалната економија. Официјалните податоци за 2023 година покажуваат дека
компанијата остварила приходи од 29,3 евра. Извозот на прилепски мермер лани
донел 29,15 милиони евра и тоа е безмалку индентично ниво како и претходната
година.

Најголемата расходна ставка се збирните
трошоци за суровини и други материјали и тие изнесуваат 4,47 милиони евра и
дури во споредба со претходната година се намалени за 10 отсто. Тоа
е резултат за почит особено заради тоа што во овој период инфлацијата негативно
влијаеше врз глобалниот, но и врз регионалниот пазар на стоки услуги. Очигледно
дека Мермерен комбинат Прилеп има формула со која успешно се справува со
инфлаторни притисоци.

Втора најголема расходна ставка се трошоците
за вработените кои изнесуваа 4,1 милиони евра и се за 2 отсто повисоки од
претходната година.

Оперативната добивка од работењето на оваа
компанија изнесува 14,87 милиони евра и е пониска само за 3 отсто во однос на
2022 година. По соочувањето на финансиските приходи со финансиските расходи
компанијата излегла добитна за уште 50.000 евра.

Нето добивката на ова друштво изнесува 13,7
милиони евра и тоа е речиси идентично со претходната споредбена година.
Добивката по акција за 2023 година изнесува 3 евра.

Оваа компанија е позната по тоа што дели пристојна или
солидна дивиденда. Последната дивиденда во бруто износ беше 250 денари по
акција што е 10 отсто од последната пазарна цена која изнесуваше 2.575 денари
за акција.

Р. Ф.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy