Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Кривични за потпишување 588 фиктивни договори за сателитска телевизиска програма
Магазин

Кривични за потпишување 588 фиктивни договори за сателитска телевизиска програма

04/11/2024

AA

СВР Скопје – Единица за економски и компјутерски криминал поднел  кривична пријава против Н.Т.(49) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на службена положба и овластување”, „фалсификување на исправа” и „злоупотреба на лични податоци”, против правно лице со дејност во сателитската комуникација и емитување телевизиски програми од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на лични податоци” и „фалсификување исправа”. Кривична пријава е поднесена и против К.А.(37) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „употреба на исправа со невистинита содржина” и против правно лице – регистрирано за курирски услуги од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „употреба на исправа со невистинита содржина”.

Првопријавениот Н.Т., управител на второпријавеното правно лице во текот на оваа година, во повеќе наврати злоупотребил лични податоци на вкупно 588 лица, корисници на услуги, на кои што претходно им истекле договорите за користење на услугите од правното лице и со тие лични податоци склучил фиктивни договори како наводно да се склучени нови 588 договори за користење на услуги со второпријавеното правно лице за емитување сателитски телевиски програми.

– Врз основа на овие фиктивни договори, од второпријавеното правно лице, по неколку испорачани фактури трансферирал 1.637.080 денари на четвртопријавеното правно лице со кое што имал склучено договор за деловно – техничка соработка за наводна монтажа и демонтажа на сателитска опрема, за наводно склучените договори. Третопријавениот К.А., како управител на четвртопријавеното правно лице, уплатените парични средства ги вадел и ги давал во готово на првопријавениот Н.Т., се наведува во соопштението од МВР.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy