Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Кривични пријави за сите градежници откако багерист загина на градилиште во Центар
Магазин

Кривични пријави за сите градежници откако багерист загина на градилиште во Центар

27/12/2023

AA

Министерството за труд и социјална политика заедно со Државниот инспекторат за труд заради  објективно информирање на јавноста  го издава следното соопштение во врска со случената пријава за несреќа при работа со фатална последица што се случи на ден 17.11.2023 година на градилиште  лоцирано на ул. „Пиринска“ бр. 31, Скопје во кој животот го загуби градежниот работник Т.М.
 
– Државниот инспекторат за труд  најнапред  изразува  длабоко жалење за загубата на животот на работотникот и искрено сочувство до семејството. Нашата посветеност на транспарентноста останува приоритет особено кога станува збор за несреќи на работа кои  резултираат со губење на  човечки живот и ја нагласува  важноста за обезбедување на највисоки стандарди за безбедност и здравје при работа во сите градежни активности – велат од инспекторатот.
 
Државниот  инспекторат за труд спроведе сеопфатна инспекциска постапка за утврдување на  околностите кои ја предизвикале  несреќата при што  примарна цел беше да се оцени почитувањето на законските и подзаконските прописи од областа на безбедност и здравје при работа во рамките на градилиштето при изведувањето на градежните активности од страна на правните субјекти.
 
 Имено на ден 17.11.2023 година околу 16:15 часот по добиена телефонска дојава од страна на градежен инспектор од  Општина Центар за случена несреќа на работа на мобилно градилиште на ул.”Пиринска “бр.31 во Скопје, на самото место увид извршија инспектори од областа на безбедност и здравје при работа при што од нивна страна беше утврдено дека вработениот извршувал работни активности за правен субјект кој изведува градежни работи  на градилиштето – ископ на јама. Изведувачот на градежните работи  имал склучено договор за изведување на градежни работи  со инвеститорот на објектот.
 
Вработениот Т.М. бил ангажиран од страна на изведувачот  на работно место багерист согласно законските одредби со склучен Договор за вработување на неопределено работно време и пријавен во задолжителното социјално осигурување.
 
Несреќата на работа со фатални последици се случила кога вработениот вршел ископ на последните кубици чакал од ивицата на темелната (градежната) јама при што земјиштето под него почнало да се обрушува, а вработениот Т.М. заедно со багерот паднал во темелната јама. При падот багерот се превртел, а работникот останал  приклештен во кабината на багерот и се здобил со тешки повреди  кои за кратко време по извлекувањето предизвикале смрт кај работникот.
 
 Од страна на инспекторите веднаш е дадена забрана за работа на мобилното градилиште за сите правни субјекти инвеститор, изведувач и надзор поради постоење непосредна опасност по безбедноста и здравјето при работа на вработените заради необезбедени мерки за безбедност и здравје на вработените на самото градилиште.
 
По изречената инспекциска мерка – забрана државните инспектори за труд континуирано вршеа контрола дали истата се почитува се додека не беа создадени безбедни услови за работниците во понатамошни дејствија на градилиштето.
 
Државните инспектори за труд по извршените вонредни инспекциски надзори  утврдија дека кај три правни субјекти не се превземени соодветни мерки во согласност со прописите од областа на безбедност и здравје при работа што резултирало со тешка повреда со смртни последици на работникот,   поради што ќе бидат поднесени кривични пријави за сите правни субјекти заради предизвикување на опасност при градежни работи до надлежното Основно јавно обвинителство за понатамошно постапување.
 
Државниот инспекторат за труд продолжува со вршење на континуирани инспекциски надзори на градежните објекти, а со  цел да се обезбеди доследна примена на одредбите од Законот за безбедност и здравје при работа и безбедна работна средина за сите  работници.
 
 

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy