Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Кривични пријави против фирмата увозник и цариникот за случајот со мобилните телефони
Магазин

Кривични пријави против фирмата увозник и цариникот за случајот со мобилните телефони

22/03/2024

AA

Секторот за контрола и истраги при Царинската управа поднесе кривична пријава против правното лице и управителот поради постоење на основано сомнение дека сториле кривично дело „Царинска измама“. Исто така, Секторот за професионална одговорност при Царинската управа поднесе кривична пријава против царински службеник поради постоење основано сомнение дека сторил кривично дело „Злоупотреба на службена положба и овластување“.

-Кривичната пријава против правното лице и управителот е поднесена поради основано сомнение дека пријавениот сторил кривично дело „Царинска измама“, на начин што пријавениот се обидел да увезе стока што се разликува од стоката во царинската декларација која била оцаринета и со тоа нанел штета на Буџетот на РСМ, соопшти Царинската управа. 

Кривичната пријава против царинскиот службеник, се наведува во соопштението, е поднесена поради сомнение дека пријавениот сторил кривично дело „Злоупотреба на службена положба и овластување“.

Кривичното дело го сторил на тој начин што со неизвршување на својата службена должност, не постапил согласно важечките закони и прописите на Царинската управа и овозможил наплата на царински и други давачки во помал износ отколку што реално требало да се наплати и со тоа нанел штета на државниот буџет. Исто така, против царинскиот службеник е поднесена суспензија на работното место.

-Царинската управа испраќа јасна порака дека има искрени заложби во борбата за нулта толеранција за криминалот и корупцијата и дека секој што се огрешил пред законот мора да одговора, информира Управата.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy