Кривична за маж од Тетово – ја истепал невенчаната сопруга со тврд предмет
СВР Тетово поднесе кривична пријава против Ф.З.(55) од тетовско поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „телесна повреда“ во врска со семејно насилство. На 23.09.2024 во семејниот дом, пријавениот физички ја нападнал неговата невенчана сопруга, при што употребил и тврд предмет.