
Кривична пријава за сопственик на фирма од Кочани: Криел три антички мермерни плочи од османлискиот период
ОВР Кочани поднесе кривична пријава против В.П.(56) од Кочани, сопственик и управител на правно лице од Кочани, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „присвојување на добра под привремена заштита или културно наследство или природни реткости“.
Пријавениот, во просториите на правното лице држел три мермерни плочи за кои по извршена идентификација од страна на Комисија, формирана во Националната установа Археолошки музеј на Република Северна Македонија, е утврдено дека се археолошки наоди и дека се работи за оригинални артефакти кои потекнуваат од Османлискиот период, кои се културно наследство и истовремено вршел неовластени истражувања со цел да држи презентации за македонизмот и да остварува имотна и друга корист од тоа.
