
Кривична пријава за несовесно работење: Помошник на министерот во МВР обвинет за оштетување на буџетот
Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди, до надлежното Основно јавно обвинителство Скопје, поднесе кривична пријава против С.Т. поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,несовесно работење во службата“ по член 353-в став 1 од Кривичниот законик. Пријавената С.Т. – на работното место помошник на министерот во Центарот за обука на […]
