
Кривична пријава за кражба на дрва и пустошење шума во гостиварско
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против Џ.Н.(64) и М.Н.(41), двајцата од с.Речане, гостиварско, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „кражба“ на дрва, „пустошење на шума“ и „фалсификување на исправа“.
Првопријавениот, континуирано во атар на с.Речане, на место викано „Краста“ вршел сеча на дрва без одобрение издадено од надлежен орган, ги превезувал со своето патничко возило „опел фронтера“ со регистарски ознаки од друго возило, а потоа ги продавал во с.Речане и околните села.
Додека, второпријавениот му помогнал на тој начин ги поставил регистарските ознаки од друго возило. на тој начин било оштетено Јавното претпријатие „Национални шуми“ – Гостивар за сума во вкупен износ од 144,372 денари.
