
Кривична пријава за кочанчанец за злоупотреба на лични податоци
СВР Штип поднесе кривична пријава против В.С. (37) од Кочани, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на лични податоци“.
-Во временски период од 3 октомври 2022 до 21 ноември 2022 пријавениот, без знаење и дозвола на П.Д. од Штип, ги обезбедил и искористил неговите лични податоци и телефонски број и извршил онлајн нарачки на разни производи од 20 правни лица на 34 производи, кои од негова страна не се подигнати, истакнуваат од МВР.
Покрај ова пријавениот, повеќе пати се обидел во име на оштетениот да се регистрира на веб-страницата на телефонски оператор, каде во негово име регистрирал и четири телефонски броеви. Исто така пријавениот, креирал и профил на социјалната мрежа „Фејсбук“.