Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ИНСПЕКТОР ОД КОЧАНИ: Му дозволил на осомничен за измама да го скрие телефонот со докази
Македонија

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ИНСПЕКТОР ОД КОЧАНИ: Му дозволил на осомничен за измама да го скрие телефонот со докази

25/02/2026

AA

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција – Специјализирано одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворска полиција, поднесе кривична пријава против Б.Б. поради постоење на основи на сомнение дека сторил кривично дело „попречување на правдата“.

Пријавениот Б.Б., на работно место помлад инспектор за малолетничка деликвенција и семејно насилство во Надворешна канцеларија за криминалистички работи Кочани при СВР Штип, со намера да сокрие и уништи докази за да го отежне докажувањето на кривично дело во постапката поведена против осомничено лице, неосновано одложил извршување наредба на јавен обвинител за прибирање предмети што може да послужат како доказ во постапка пред суд или друг надлежен орган, со што го спречил, односно отежнал докажувањето на  продолжено кривично дело „измама“.

Имено, при лишување од слобода на осомниченото лице и при неговото спроведување до полициска станица  не го одзел мобилниот телефон, со што му  овозможил да ракува со мобилен телефон, а потоа  да го изнесе од полициска станица, со што го направил овој доказ неупотреблив.

Одделот за внатрешна контрола против пријавениот ќе поднесе предлог за поведување на постапка за утврдување на одговорност за кршење на работниот ред и дисциплина.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

САЈБЕР БУЛИНГ ИМА, АМА НЕ СЕ ПРИЈАВУВА Децата од иницијативата

25/02/2026
Македонија

Семејно насилство во Гостивар: Маж ја истепал сопругата

25/02/2026
Македонија

Утре протест во Крива Паланка за проблемот со кравите!

25/02/2026
Македонија

Петрушевски: Тужбата за клевета нема да го испере Заев, денес

25/02/2026
Македонија

Пијани татко и син физички се пресметале во семејниот дом

25/02/2026
Македонија

ГО СНИМИЛ ПОЧЕТОКОТ НА ПОЖАРОТ ВО „ПУЛС“, МИСЛЕЛ ДЕКА Е

25/02/2026
Македонија

Талески: 600 евра минимална плата не е само бројка, тоа

25/02/2026
Македонија

Продолжува драмата со кравите во Крива Паланка – МВР и

25/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41930
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

САЈБЕР БУЛИНГ ИМА, АМА НЕ СЕ ПРИЈАВУВА Децата од иницијативата „Нет без хејт“ ќе ги

25/02/2026

Иницијативата #NetWithoutHate – Нет без хејт, која е започната пред две години, е дел од пошироката и долгогодишна соработка меѓу УНИЦЕФ и

Семејно насилство во Гостивар: Маж ја истепал сопругата

25/02/2026

На 25.02.2026 во 02:20 часот во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишија од слобода М.М.(52) од Гостивар, постапувајќи

Утре протест во Крива Паланка за проблемот со кравите!

25/02/2026

Во Крива Паланка утре ќе се одржи мирен протест поради проблемот со неконтролираното движење на говеда и штетите што тие ги предизвикуваат

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy