
Кривична пријава за директорот на училиштето во Ростуше: Дозволил нестручни кадри да им предаваат на учениците
ОВР Гостивар поднесе кривична пријава против против А.С.(64) од с.Ростуше, гостиварско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,злоупотреба на службената положба и овластување“.
Во периодот од 2024 до 2025 година, пријавениот како директор во основно училиште во с.Ростуше, ја злоупотребил службената положба и овластување на тој начин што овозможил вработување на несоодветен кадар, односно нестручни наставници кои предаваат на ученици во с.Ростуше и одделенски наставници во с.Велебрдо и с.Требиште а немале завршени студии.
Тие не биле соодветни да извршуваат настава согласно Законот за наставници и стручни соработници, а било констатирано од страна на Државен просветен инспекорат при инспекциски надзор од 19.09.2025.
