Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Кривична пријава против шест затворски полицајци за „овозможување бегство на лице лишено од слобода“
Магазин

Кривична пријава против шест затворски полицајци за „овозможување бегство на лице лишено од слобода“

04/10/2024

AA

 Единицата за корупција при Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал денеска поднесе кривична пријава до ОЈО за ГОКК против шест лица, сите припадници на затворската полиција, вработени во КПУ-КПД Идризово  и тоа: И.И. (37),  Ј.А. (36), И.Ј. (50),  Д.П. (34), Ф.Б. (31) и В.Т. (36), за сторено кривично дело „Овозможување бегство на лице лишено од слобода“ предвидено и казниво по член 372 став 2 од КЗ.

-Пријавените И.И. и Ј.А. во својство на службени лица-затворски полицајци вработени во КПУ-КПД Идризово на 1 февруари 2023 година, додека ги извршувале работните задачи во Отворено одделение, со давање лажни податоци/изјава спрема раководните затворски полицајци, им овозможиле на група осудени лица да бидат надвор од рамките на затворот, спротивно на судски пресуди според кои требало да издржуваат казна затвор во КПУ-КПД Идризово, на начин што при утврдување на бројната состојба на осудени лица во отворено одделение во КПУ-КПД Идризово имало седум отсутни лица од установата, додека И.И. и Ј.А. констатирале дека сите осудени лица биле присутни, за што усно ги известиле командирите , овозможувајќи им  бегство на осудените лица: Ј.Р., И.Ј., Н.Б., С.С., Р.К., И.Р. и Е.С., соопшти МВР.

Пријавените И.Ј., Д.П., Ф.Б. и В.Т. , како што е наведено во соопштението, на истиот ден работно ангажирани на работни позиции во установата, не преземале дејствија  за да го задржат  осуденото лице Р.К. да го напушти затворот, кој пред нив се упатил кон вратата од пријавницата и избегал.

-Пријавените затворски полицајци  постапиле спротивно на процедурите, надлежностите и работните задачи и обврски за обезбедување, со што сториле кривично дело „овозможување бегство на лице лишено од слобода“ по член 372 став 2 од КЗ, велат од МВР. 

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Три години затвор и пет години забрана за вршење дејност

21/11/2025
Македонија

ОБВИНИТЕЛСТВОТО БАРА ДА СЕ УКИНЕ ОСЛОБОДИТЕЛНАТА ПРЕСУДА ЗА ЃОРЧЕВСКИ Бранителот

21/11/2025
Македонија

ПОПЛАВЕНИ КУЌИ, МАГАЦИНИ, ВИЗБИ: Се излеаа реките кај Радовиш!

21/11/2025
Македонија

Мицкоски убеден дека ќе стигнеме први до ЕУ

21/11/2025
Македонија

НАДОЈДЕНИ РЕКИ И РЕКОРДНИ ВРНЕЖИ Енергетскиот систем издржа без ризик

21/11/2025
Македонија

Охридско Езеро е на безбедна кота, надојдените води во Дебарско

21/11/2025
Македонија

Денес во Кочани започна со работа регионалниот центар за ментално

21/11/2025
Македонија

ОЈО Кочани ќе вложи жалба за мерката куќен притвор за

21/11/2025
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 37919
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Три години затвор и пет години забрана за вршење дејност за гинекологот Асани кој ја

21/11/2025

Гинекологот Мухамед Асани, кој го изведе царскиот рез по кој родилката Јалдз Веапоска остана без матка, јајник и бубрег, денес

ОБВИНИТЕЛСТВОТО БАРА ДА СЕ УКИНЕ ОСЛОБОДИТЕЛНАТА ПРЕСУДА ЗА ЃОРЧЕВСКИ Бранителот Туфегџиќ потсети дека ЈО пред

21/11/2025

Јавното обвинителство поднесе жалба до Апелацискиот суд за ослободителната пресуда на Александар Ѓорчевски, татко на убиената Вања Ѓорчевска, на последниот

ПОПЛАВЕНИ КУЌИ, МАГАЦИНИ, ВИЗБИ: Се излеаа реките кај Радовиш!

21/11/2025

Поради обилните врнежи, на подрачјето на Општина Ресен дошло до излевање на Болнска и Источка река во селата Царев Двор

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy