
Кривична пријава против лице од тетовско Селце, на тезга продавал разновидни пиротехнички средства
СВР Тетово поднесе кривична пријава против Ф.A.(55) од с.Селце, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“.
На 18.12.2023 на ул.„Маршал Тито“ во Тетово, полициски службеници го забележале пријавениот како на тезга продава разновидни пиротехнички средства, кои му биле одземени.

