Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Кривична пријава против двајца поранешни вработени во МВР за злоупотреба на службената положба и овластување
Македонија

Кривична пријава против двајца поранешни вработени во МВР за злоупотреба на службената положба и овластување

05/05/2025

AA

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи, до надлежното Основно јавно обвинителство Скопје, поднесе кривична пријава против Б.Д. и В.В., поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“ по член 353 став 4 во врска со став 1 од Кривичниот законик. БД., пензиониран работник, а во време на извршување на кривичното дело на работно место началник на Регионален центар за гранични работи Север, иако знаел дека еден работник со правосилна пресуда бил ослободен од прекршочна одговорност, не изготвил ургенција до Комисијата за вршење на психолошко советување и давање мислење за способноста на работникот во МВР да му се врати одземеното службено оружје, кое му било одземено до завршување на постапката, туку изготвил предлог за негово времено распоредување врз основа на кој работникот бил времено распореден на друго работно место, а за времено упразнетото работно место доставил предлог за времено распоредување на друг работник.

Исто така, на распишан интерен оглас не ги известил членовите на Комисијата дека работното место за кое е распишан интерниот оглас е времено упразнето и дека за ова работно место не можело да биде распишан интерен оглас.

Второпријавената В.В., пензиониран работник, а за време на извршување на делото помошник директор во Оддел за заеднички работи и управување со човечки ресурси во БЈБ, без барање од првопријавениот и без да утврди дека работното место не е слободно, објавила телеграма за интерен оглас. Исто така, како член на Комисијата за распоредување и унапредување, не ставила забелешка и покрај тоа што била запознаена дека работното месо е само времено  упразнето и се согласила со изборот на работникот за кој имало предлог за времено распоредување од началникот на Регионалниот центар за гранични работи Север. 

Со ваквото дејствие, пријавените на работникот кој времено го распоредиле  му  причиниле штета во износ 310.268 денари.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ЗГОЛЕМЕНА ИЗЛЕЗНОСТ ВО БРВЕНИЦА ВО СПОРЕДБА СО ПРВИОТ КРУГ До

01/11/2026
Македонија

МАКЕДОНИЈА ПОД ОБЛАЦИ, ДОЖДОТ НЕ ЗАПИРА Во Скопје врнежи особено

31/10/2026
Македонија

ФИЛИПЧЕ РЕШИ ДА СЕ ПРЕСМЕТА И СО БРАНКО ЦРВЕНКОВСКИ Го

31/10/2026
Македонија

ШЕСТ МИЛИОНИ ЕВРА ЗА КИЧЕВО Николоски најави продолжување на инфраструктурните

31/10/2026
Македонија

ПРАВОСУДНИОТ ИСПИТ ОСТАНУВА НА МАКЕДОНСКИ Димитриевски уверува дека ставот на

31/10/2026
Македонија

ДИГИТАЛНО ЗДРАВСТВО И ЕДУКАЦИЈА НА СПЕЦИЈАЛИСТИ Нов договор меѓу Македонија

31/10/2026
Македонија

Народната банка: Одземањето на лиценцата на Алта банка во Србија

31/10/2026
Македонија

Димитриевски: Додека ЗНАМ е во Владата, правосудниот испит ќе се

31/10/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46479
  • Регион 4000
  • Свет 19
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ЗГОЛЕМЕНА ИЗЛЕЗНОСТ ВО БРВЕНИЦА ВО СПОРЕДБА СО ПРВИОТ КРУГ До 9 часот гласале 3,98 проценти

01/11/2026

Излезноста во вториот круг од предвремените избори за градоначалник на Општина Брвеница до 9 часот изнесува 3,98 проценти, односно своето

МАКЕДОНИЈА ПОД ОБЛАЦИ, ДОЖДОТ НЕ ЗАПИРА Во Скопје врнежи особено попладне и во текот на

31/10/2026

Облачно време со повремени врнежи од дожд, кои локално ќе бидат пообилни, нè очекува во недела. Според прогнозата на метеоролозите,

ФИЛИПЧЕ РЕШИ ДА СЕ ПРЕСМЕТА И СО БРАНКО ЦРВЕНКОВСКИ Го нарече „мумија” и „балсамиран лик“

31/10/2026

СДСМ под водство на Венко Филипче упати отворен напад врз својот прв претседател Бранко Црвенковски. Во партиско соопштение објавено на

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy