
Кривична пријава против 28-годишен штипјанец: Со закани по живот изнудил 356.000 денари
СВР Штип поднесе кривична пријава против Ф.Ј.(28) од Штип поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „изнуда“.
Во период од октомври 2024 до 20.06.2025, пријавениот со закани по живот, во неколку наврати изнудил пари од оштетениот, нанесувајќи му вкупна штета од 356.000 денари.