
Кривичен суд: Пресудата за Беса транс не е поврзана со автобуската сообраќајна несреќа во Бугарија
Заради одредени медиумски натписи кои беа лиферувани во текот на судската постапка, ја информираме јавноста дека кривично – правниот предмет, согласно поднесениот обвинителен предлог, а и како што Јавниот обвинител и бранителот на обвинетите изјавија во судот, се однесува само на наведеното кривично дело и не е поврзан со автобуската сообраќајна несреќа која во ноември 2021 година се случи во Р.Бугарија.
Во Основниот кривичен суд Скопје, денеска, јавно беше објавена првостепената пресуда за предметот со К.бр. 1877/23, поврзана со транспортната компанија Беса Транс, со која, по ценење на сите изведени материјални и вербални докази во текот на постапката донесе пресуда со која:
Обвинетиот Б.Х. за кривичното дело Фалсификување исправа од чл. 378 ст.3 вв ст.1 вв чл. 45 од КЗ, го огласи за виновен и го осуди на затворска казна од 1 година и 8 месеци,
Правното лице ДТППУ Б.Т., б ДООЕЛ е. за кривичното дело Фалсификување исправа од чл. 378 ст.4 вв ст.3 вв ст.1 вв чл. 45 од КЗ го огласи за виновен и го осуди на парична казна од 800.000 денари.
Воедно за правното лице судот изрече и мера забрана за добивање лиценца за патен превоз во рок од 4 години по правосилноста на пресудата.
Против оваа пресуда, странките имаат право на жалба пред Апелациониот суд Скопје.
