
Кривичен суд определи 48 часа притвор на две лица осомничени за марихуаната во Србија
По соопштението на Обвинителството, од Основен кривичен суд Скопје потврдија дека на две лица им е определен краткотраен притвор во траење од 48 часа во врска со случајот поврзан со заплената на марихуана во Србија.
Станува збор за лицата со иницијали А.И. и Д.С., за кои се води постапка за кривично дело по член 215 став 3 од Кривичниот законик. Судот го прифатил предлогот на Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција и ја определил мерката притвор поради постоење на законските основи.
Како што информираат од Судот, притворот е одреден поради опасност од бегство, можност за влијание врз сведоци и опасност од повторување или довршување на делото.
Мерката краткотраен притвор е со времетраење од 48 часа.
