Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Кривичен суд ќе одлучува дали таткото на Вања ќе оди во куќен притвор
Македонија

Кривичен суд ќе одлучува дали таткото на Вања ќе оди во куќен притвор

18/01/2024

AA

Таткото на убиената Вања, Александар Ѓорчевски, чека одговор од Кривичниот суд дали и понатаму ќе остане во притвор во истражниот затвор „Скопје” или ќе оди во куќен притвор.

Неговиот адвокат Владимир Туфегџиќ за „Фокус” изјавил дека на 9 јануари поднал барање за укинување на притворот и одредување на куќен притвор. По ова барање треба да одлучи судија на претходна постапка.

Одлуката се уште не е донесена бидејќи како што појаснуваат од Кривичниот суд се чека мислењето од Обвинителството. Инаку судијката Весна Димишкова, која досега одлучуваше, во меѓувреме беше избрана за судија во Апелација, поради што предметот е даден на друг судија на претходна постапка.

Таткото на Вања беше уапсен на почетокот на декември по што заврши во притвор, како еден од осомничените. За него останатите уапсени посочиле дека бил во комуникација со првоосомничениот Љупчо Палевски Палчо, односно наводно му кажал во колку часот неговата ќерка излегува од дома за да оди на училиште.

Од обвинителството ги чекаат вештачењата на прибраните материјални докази, по што ќе биде познато дали има и материјални докази кои го поткрепуваат ова сведочење за вмешаноста на таткото.

Четиринаесетгодишната Вања беше пријавена за исчезната на 27 ноември, а велешанецот Панче на 24 ноември. Нивните тела беа пронајдени на 3 декември. Во врска со двата случаи, осомничени се пет лица, од кои тројца признаа вина. Сите се наоѓаат во притвор.

Палчо, кој е осомничен за извршител на убиствата, е во притвор во Турција и се чека негова екстрадиција.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy