
Кривичен по укинувањето на притворот за возачот на Палчо: Одземени му се пасошот и возачката!
Кривичниот суд донел одлука за укинување на ефективниот притвор на Стефан Димковски, осомничен за помагање при бегство на Љупчо Палевски-Палчо.
Од таму со соопштение информираат дека на Димковски му се определени мерки за претпазливост.
„По предлог на надлежен обвинител за укинување мерка притвор за с.д. и определување мерки за претпазливост, судија на претходна постапка му определи мерки, забрана за напуштање живеалиште/престокувалиште, одземање патна исправа, обврска за јавување во суд и одземање односно забрана за користење возачка дозвола“, велат од таму