Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Кривичен даде амнестија за Јанакиески, Ристески Вељаноски и Атанасовски
Македонија

Кривичен даде амнестија за Јанакиески, Ристески Вељаноски и Атанасовски

23/01/2025

AA

Основниот кривичен суд во Скопје одлучи да ја применува амнестијата за обвинетите во случајот „Организатори на 27 април“. Постапката е запренa за ексминистри Миле Јанакиески и Спиро Ристески, поранешниот спикер Трајко Вељаноски и Владимир Атанасовски. Сите тие се обвинети за терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста.

Судијата Илија Трпков, на почетокот посочи дека настаните во Собранието на 27 април 2017 година не се ниту сечени, ниту монтирани, туку вистински, порачувајќи дека ова е демократска земја и секој има право да порачува што смета, а ние судиите треба да опстанеме и издржиме во процесите.

„Уривањето на Собранието е уривање на државата. Лично и како Совет се уште сме на ставот дека интенцијата на законодавецот со Законот за амнестија беа да не се амнестираат организаторите, но секогаш има едно но, и ЈО и Апелација одлучувале дека тројцата обвинети тука не постапиле спротивно од овластувањата“, изјави Трпков.

Овие обвинети тука, посочи тој, се исти со останатите обвинети во овој суд кои биле амнестирани.

„На крајот ќе излезе дека обвинетите за 27 април сами се организирале и влегле да кршат во Собрание. Тоа им е јасно на сите и на осудените во затворите дека тоа не е можно. Дека не е можно да се пробие полициски кордон на спортски натпревари, а не во Собрание. Но, некој побара од државата да биде амнестиран. Лично јас сметав дека обвинетите ќе одат до крај и ќе го докажат дека не се вмешани, но тоа е нивна одлука и треба да се почитува“, изјави Трпков.

На македонската јавност, нагласи судијата Трпков, и е јасно за кого се носат и како се толкуваат законите.

„За кршењето на законодавниот дом и тепањето национални претставници не може да се каже дека е патриотски чин. Таквото постапување не е патриотско. Најголемиот дел од осудените за овие случаи убеден сум дека се патриоти, и сигурен сум дека со одлуката што следи ќе предизвика остри чувства. И пораката за нив е наведнете ја главата и побарајте прошка од државата како што го направија овие тука. Не дозволувајте некој повторно да ве манипулира. Државата се сака со дела“, нагласи Трпков.

На одлуката може да се поднесе жалба до Апелацискиот суд. Судот ќе ги образложи причините за одлуката во писмен одговор што ќе им биде доставен на обвинетите.

Истовремено, за упадот во Собранието, се води и друг предмет во кој беа обвинети 33 лица, од кои 15 беа помилувани со амнестија, вклучувајќи пет пратеници. 16 лица беа осудени на вкупно 188 години затвор.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

НАЈГОЛЕМ БУЏЕТ ЗА ОДБРАНА ВО 30 ГОДИНИ Мисајловски од Минхен

14/02/2026
Македонија

ДОЖДЛИВ ВИКЕНД, СНЕГ НА ПЛАНИНИТЕ Времето ќе се стабилизира кон

13/02/2026
Македонија

УКРАЛ ПЛАТЕЖНА КАРТИЧКА И ПОТРОШИЛ 161.800 ДЕНАРИ Kартичката пет месеци

13/02/2026
Македонија

📽️ ЗАЕДНИЧКАТА ИЗЈАВА СО БЕЛАТА КУЌА Е УСПЕХ НА СИТЕ

13/02/2026
Македонија

Вчера уапсени 10 возачи поради возење без возачка дозвола

13/02/2026
Македонија

Царинските формалности ја забавуваат испораката на онлајн-пратките, појаснуваат од „Пошта“

13/02/2026
Македонија

МАКЕДОНИЈА ЗАСЛУЖУВА ПАТ КОН ЕУ БЕЗ УСЛОВУВАЊА Посветени сме на

13/02/2026
Македонија

30-годишен скопјанец истепан во трговски центар од жена!

13/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41440
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

НАЈГОЛЕМ БУЏЕТ ЗА ОДБРАНА ВО 30 ГОДИНИ Мисајловски од Минхен најави модернизација и 10-годишни договори

14/02/2026

Ова е историски најголем буџет за одбрана издвоен во рамки на Владата во овие над 30 години во Македонија. Благодарност

ДОЖДЛИВ ВИКЕНД, СНЕГ НА ПЛАНИНИТЕ Времето ќе се стабилизира кон средина на следната седмица

13/02/2026

Времето в сабота, 14 декември, ќе биде променливо облачно наместа со слаби врнежи од дожд. Ќе дува умерен, долж Повардарието

УКРАЛ ПЛАТЕЖНА КАРТИЧКА И ПОТРОШИЛ 161.800 ДЕНАРИ Kартичката пет месеци била активна

13/02/2026

ОВР Кочани поднесе кривична пријава против С.З.(40) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „оштетување и

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy