
Критично во Ресен и Битолско, одрони кај Штип и Дебар: Детален преглед на состојбата по региони во Македонија
Од Центарот за управување со кризи информираат за состојбата по обилните врнежи до 12:30 часот.
Штип
Како резултат на претходните врнежи од дожд зачестени се одроните од камења и свлечишта на коловозите.
Скопје
Во Скопкскиот регион нема нарушување на редовната состојба поврзана со обилните врнежи од дожд.
Охрид
До 12:30 часот нема пријави за поплавени објекти во регионов. Моментално дождот е престанат. Надлежните од Кризниот штаб Охрид беа на терен ги проверија критичните точки на реката Далјан кај село Орман и Дебелополе.
Има излевање на реката Сушица во делот на ул. Прилепска, испратена е екипа од ЈП Нискоградба со механизација да го запрат излевањето. Ако продолжат врнежите има опасност од излевање на реката Далјан кај Косел и село Вапила.
Во Струга има пријава за поплавени дворови на 4-ти Реон кај Мислешевски пат.
Надојдената вода од Струшкото поле ги поплавила дворовите каде што има канали за излевање на водите од Струшкото поле. Известени се надлежните служби од Општина Струга, ТППЕ-Струга, РЦУК-Струга и ДЗС-Струга.
Екипа на ТППЕ-Струга се на терен и со пумпи за испумпување на поплавените дворови.
-На патот Дебар -Струга има одрони, известени се службите на Македонија Пат -Дебар кои се на терен и го одржуваат патот.
Велес
На подрачјето на Велешкиот регион нема нарушување на редовната состојба поврзана со врнежите од дожд и снег.
Битола
