Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 КРИТИЧНО НИЗ ПОЛОГ: Поплавени куќи, падна потпорен ѕид врз куќа, се појавија големи свлечишта, блокирани маала!
Македонија

КРИТИЧНО НИЗ ПОЛОГ: Поплавени куќи, падна потпорен ѕид врз куќа, се појавија големи свлечишта, блокирани маала!

16/02/2026

AA

Како последица од обилните врнежи од дожд во северозападниот регион, подрачјата што ги покриваат РЦУК Тетово и РЦУК Гостивар бележат поголем број интервенции поради поплави и свлечишта.

Пријавен е паднат потпорен ѕид врз семејна куќа на улица 146. На терен се излезени Кризниот штаб на Општина Тетово, полициска екипа од ПС Тетово и општинските инспекциски служби.

Евидентирано е свлечиште на патот кон Попова Шапка, на околу 150 метри од жичарата. Одронот претставува ризик за околните станбени објекти.

Големо свлечиште е регистрирано на улица 195, на патниот правец од с. Џепчиште кон с. Џермо. Патот е непрооден за цело маало.

Свлечиште е пријавено и на улица „Прохор Пчински“.

Во село Вејце пријавено е свлечиште над куќа со веќе постоечки оштетувања од земјотресот.

Во Општина Желино, реката Вардар се излеа во село Стримница, при што се поплавени пет куќи. Поради конфигурацијата на теренот, пристапот за интервенција е отежнат.

Во Општина Теарце пријавени се поплавени подрумски простории во село Теарце. Известени се надлежните институции.

Во Општина Јегуновце поплавен е локалниот пат од село Сиричино кон село Јегуновце. Општината испрати механизација и се очекува нормализирање на сообраќајот.

Во Гостивар состојбата се стабилизира по престанокот на врнежите. Реките во селата Лакавица, Беловиште, Мало Турчане и Балиндол се повлечени во своите корита.

Во село Форино, по излевањето на реката Вардар, водата е повлечена од улиците. Поплавени се околу 200 куќи. Во тек е испумпување на водата со ангажирање на служби и локално население.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ПОЛИЦАЈЦИ СПАСИЈА 80-ГОДИШЕН МАЖ ОД ЗАПАЛЕНА КУЌА Бил заглавен на

16/02/2026
Македонија

За една седмица констатирани 4490 сообраќајни прекршоци преку системот „Сејф

16/02/2026
Македонија

Предложени мерки за скопјанец – ја оштетил компанијата каде работел

16/02/2026
Македонија

Хоџа: Продолжува партнерството со Светска банка за системска борба против аерозагадувањето

16/02/2026
Македонија

ПОПЛАВЕНИ СЕ 500 ОБЈЕКТИ ВО ФОРИНО Куќите биле изградени на

16/02/2026
Македонија

„На маса не нè слушаат, па затоа ќе нè слушаат

16/02/2026
Македонија

Девојка насилно внесена во возило кај Бит Пазар и истепана

16/02/2026
Македонија

БИТОЛСКИТЕ ПОЖАРНИКАРИ НА ПОМОШ ВО КИЧЕВО: Испратени екипи и опрема

16/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41529
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ПОЛИЦАЈЦИ СПАСИЈА 80-ГОДИШЕН МАЖ ОД ЗАПАЛЕНА КУЌА Бил заглавен на тераса на вториот кат

16/02/2026

На улицата 14 Јуни во Македонска Каменица вчера на пладне избил пожар во приватна куќа, сопственост на Љ.Ѓ.(80). Полициски службеници

За една седмица констатирани 4490 сообраќајни прекршоци преку системот „Сејф сити“!

16/02/2026

Во периодот од 09.02.2026 до 15.02.2026 од страна на системот „Безбеден град“ на подрачјата на градовите и Коридорите каде се

Предложени мерки за скопјанец – ја оштетил компанијата каде работел како менаџер за 2.783.867 денари!

16/02/2026

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице за продолжено кривично дело – Затајување согласно член 239 став 5

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy