
Кристалина Георгиева: ММФ очекува низок глобален економски раст и во следните пет години
Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) очекува низок економски раст на глобално ниво во следните пет години, изјави денеска извршната директорка Кристалина Георгиева.
Георгиева во четвртокот предупреди дека економската активност забавува во 90 отсто од индустријализираните земји и дека ќе биде на најниско ниво од 1990 година, објави Гардијан.
Според неа, Индија и Кина ќе бидат одговорни за половина од овогодишниот раст.
Извршната директорка на ММФ, Кристалина Георгиева, во пресрет на пролетниот состанок на ММФ и Светската банка во Вашингтон, што се одржува следната недела, предупредува дека светската економија годинава ќе забави.
Според податоците на ММФ, ова ќе биде најголемото забавување на светскиот БДП од 1990 година, а речиси половина од овогодишниот БДП ќе дојде од Кина и Индија. Георгиева предупредува и на проблемите што ќе ги имаат земјите во развој, односно земјите со помали приходи.

