Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Криминилитетот намален за 12, 26 проценти, тврди Спасовски
Македонија

Криминилитетот намален за 12, 26 проценти, тврди Спасовски

27/04/2023

AA

Во првите три месеци од годинава се откриени 20 случаи на криумчарење мигранти или нелегален влез на 2 654 лица, а кај сообраќајните незгоди и за бројот на жртви во сообраќајните незгоди имаме намалување за 3,6 проценти во споредба со истиот период од лани, рече министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, одговарајќи на критиките за работата на МВР што ги упати пратеникот Зоран Коцевски од ВМРО-ДПМНЕ во попладневниот дел од собраниската седница за пратенички прашања.

Спасовски рече дека резултатите на МВР за 2022 година биле најдобрите во последните 30 години во работењето на ова Министерство.

-Во однос на заплената или спречувањето на трговијата со дрога имаме резултати за три месеци, односно запленето 1,56 килограми кокаин, 129 килограми марихуана и 6,5 килограми амфетамин запленето. Имаме дополнително 1,57 тони марихуана која што е во вредност од шест милиони евра. Впрочем, во оваа заплена на дрога е и вашата професорка по германски јазик во училиште во Аеродром, член на Избирачкиот одбор на ВМРО-ДПМНЕ во општина Аеродром на последните локални избори. Тоа се структурите коишто вие ги поддржувате и за кои се борите. Ако зборуваме за следен најнов случај, тоа е заплената на тие 100 килограми марихуана во коишто се лишени од слобода две лица блиски до раководството на ВМРО-ДПМНЕ. Вкупното намалување на криминалитетот е 12,26 проценти, рече Спасовски, посочувајќи му на Коцевски дека за тие резултати кога сака може да отвори расправа во Собранието и на друго место.

Во општина Прилеп, дополни Спасовски, за 12 години раководство на ВМРО-ДПМНЕ има 0,6-0,7 килограми марихуана запленето, за разлика од сега кога неколку стотини килограми се запленети токму таму. Или градоначалникот на СВР Скопје кога јас презедов раководење имаше ефикасност во работењето на откривачката дејност во Скопје 9 проценти или во превод само тие што не знаеле да се сокријат во Скопје во времето на ВМРО-ДПМНЕ беа фатени, остатокот беа сите во рамките на криминалот којшто го спроведувавте.

Коцевски го праша Спасовски дали по објавеното видео, каде како што рече, се гледа како лицето Самед Месини среде бел ден пука од калашников, МВР има направено претрес за да го пронајде огненото оружје, дали е поднесена кривична пријава и дали на тоа лице му е одземено и друго оружје, на што министерот одговори дека се преземени сите криминалистички и истражни дејствија.

-Во однос на конкретното прашање, дали се преземени мерки во однос на лицето кое што го споменавте, поднесување на кривична пријава, спроведување на предистражна или истражна постапка, претреси и откривање на нелегално оружје, само ќе ви кажам и тоа го изјавивме веднаш после настанот во јавноста кога излеговте дека на конкретното лице за конкретниот случај има поднесено кривична пријава од страна на МВР веднаш после настанот и се преземени сите криминалистички и истражни дејствија и претходно е поднесена уште една кривична пријава. Значи, има две активни кривични пријави против тоа лице поднесено до Јавното обвинителство во Скопје. Секако дека понатаму се преземаат низа мерки и активности коишто ќе треба да следуваат и во делот на судските постапки, рече Спасовски, дополнувајќи дека мора до крај да се водат постапките и да има завршница.

Коцевски рече дека не е задоволен од одговорот, посочувајќи му дека тоа што го кажува е манипулација и оти, како што рече меѓу останатото, во седум години владеење нема решено ниту едно убиство и нема дадено одговори.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy