Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Кренар Лога се повлекува од политиката, вели не била лесна одлуката – „Имам многу што да раскажам, се надевам дека еден ден ќе најдам храброст“
Македонија

Кренар Лога се повлекува од политиката, вели не била лесна одлуката – „Имам многу што да раскажам, се надевам дека еден ден ќе најдам храброст“

14/11/2025

AA

Екс министерот за правда Кренар Лога на својот Фејсбук профил информира дека се повлекува од партискиот живот и од сите функции во Алијанса за Албанците.

„По подолг период на анализа и рефлексија, одлучив да се повлечам од партискиот живот и од сите функции што досега сум ги извршувал во Алијансата за Албанците.

Ова не е лесна одлука за мене, затоа што во текот на целиот овој пат ја вложив својата енергија, срце и душа, па дури и повеќе од тоа. Имав чест да запознаам верни и неуморни соработници, како и такви што не го издржаа долгиот и предизвикувачки пат.

Во изминатите десет години имав можност да запознаам посветени луѓе, искрени пријатели и оддадени соработници. Заедно поминавме низ битки што оставија трага во нас, исто како што и ние оставивме трага во тие битки.

Ова мое политичко патување секогаш беше искрено и вистинско. Во текот на дебатите, критиките и судирите, можно е понекогаш да сум претерал. Доколку некој се почувствувал повреден од мојот збор или однесување, искрено му се извинувам. Секогаш сум ги кажувал своите ставови, убедувања и вистини без да ја пресметувам цената што тие можат да ја носат. Дури и кога тие не биле популарни, сум одбрал да не ги сокријам, затоа што вистината и иднината бараат храброст.

Во овој период имав чест да ја извршувам функцијата генерален секретар, а подоцна и потпретседател на партијата. Ова беше можно единствено благодарение на поддршката од членовите и активистите на Алијансата за Албанците, на кои им упатувам искрена благодарност. Не ги заборавам ниту гласачите на Европскиот фронт и на Националната Алијанса за Интеграција, кои ја покажаа довербата во нашето дејствување.

Јас сум израснат во семејна, политичка и патриотска средина; роден во семејство кое избрало опстанок понекогаш преку земјоделство, а понекогаш преку печалба, единствено за да може полесно да се спротивстави и да се соочи со југословенскиот режим. Израснав меѓу двајца браќа кои останале без имиња до прво одделение, бидејќи режимот не дозволувал „иредентистички“ албански имиња; израснав опкружен со фамилијарни политички затвореници, диференцирани и прогонувани, воспитан со духот на националната преродба и патриотизмот – дух кој секогаш ќе ме поддржува, без оглед на улогата што животот ќе ми ја понуди.

Имам многу што да раскажам… Се надевам дека еден ден ќе најдам храброст сето тоа да го ставам на хартија.

Северна Македонија заслужува да се издигне како слободна и еднаква држава за сите нејзини граѓани. Многу предизвици се надминати, а многу други сè уште треба да се соочат со внимание, храброст и мудрост. Ни останува заедничка обврска, како Албанци, Македонци, Турци, Власи, Бошњаци и други, да ја изградиме оваа земја како дом сакан и почитуван од сите.

Ќе продолжам да бидам меѓу вас, но отсега во еден послободен и независен пат – како солист што можеби ќе има тешкотии да игра сам, но ќе го направи тоа со слободен дух и со љубов кон луѓето“, порача Лога.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy