
Крауч знае кој е виновникот за поразот на Ливерпул кај Бормут (ВИДЕО)
Екипата на Клоп направи чекор назад во битката за топ-4 позициите во Премиерлигата и пласман во Лигата на шампиони (ЛШ) идната сезона, а легендарниот Питер Крауч кажа кој е виновникот за поразот на гостувањето кај Бормут.
„Ова е навистина големо разочарување. Ван Дајк се откажа и прекина да трча по противникот. А во исто време, Трент се изгуби на теренот и Бормут си даде лесен гол“, кажа Крауч.

