Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 КРАТОВСКИ „СИЛЕКС“ ГО ИМАЛ РЕЦЕПТОТ: Како со намалени приходи од продажба се направи профит од 1,6 милиони евра
Економија

КРАТОВСКИ „СИЛЕКС“ ГО ИМАЛ РЕЦЕПТОТ: Како со намалени приходи од продажба се направи профит од 1,6 милиони евра

16/11/2023

AA

Кратовскиот комбинат
„Силекс“ покажува како се знае да се работи профитабилно, дури и со
намалени оперативни приходи во однос на истиот период лани. Компанијата го објави
својот деветмесечен Биланс на успех, а тој покажува дека таа во првите три
квартали остварила чист профит осд 1,6 милиони евра, што е раст за дури 54
отсто во однос на истата временска отсечка од минатата година.

Како е тоа можно во време
кога оперативните приходи се намалени за речиси една петтина, односно за 18
проценти, токму ова акционерско друштво го има рецептот.

Имено, во првите девет
месеци „Силекс“ има остварено оперативни приходи од одлични 14,3 милиони евра,
но, тоа е намалување во однос на истиот период минатата година за 18 проценти.

Каде потфрлила
компанијата на приходната страна?

Најголемиот дел,
разбирливо, се приходи од продажбата, кои го донеле главниот дел од приливите,
и тоа 13,1 милиони евра, но тоа е пад за 22 проценти во однос на истиот период
лани.

Од она што може да се
види од приходната страна се извлекува заклучок дека најголемиот „минус“ е кај
продажбата на домашниот пазар, или, тие приходи му донеле на „Силекс“ прилив за
девет месеци од 4,8 милиони евра, но тоа е намалување за дури 41 процент, што е
огромен пад на приходите кои треба да бидат носечки во една таква индустрија.

Додека, пак, оваа година
всушност најиздашните приходи се оние од продажбите на странските пазари, кои му
донеле на ова акционерско друштво прилив од 8,25 милиони евра. Тоа е раст за
речиси дупло, или за 88 отсто во однос на истиолт период од минатата година.

Оперативните расходи на
„Силекс“ биле 12,7 милиони евра, што е пад за 22 отсто во однос на истиот
период лани.

Од расходната страна за
пофалба е делот за трошоци за вработените, кој покажува дека за плати и
надоместоци на работниците компанијата потрошила над два милиони евра, што е
раст за 22 проценти.

Но, ако затаиле
приходите од продажбата, „Силекс“ во првите три квартали имал „ас во ракавот“ кој
се викал финансиски приходи, кои всушност му денеле 1,6 милиони евра, што е
раст за повеќе од двојно и што всушност ги „пегла“ намалените оперативни
приходи, и всушност ја создава солидната добивка на компанијата.

А, од друга страна,
финансиските расходи се многу ниски и речиси незначителни и тие биле на ниво од
34 илјади евра, или кај нив има намалување за 60 проценти.

Сетоа ова придонесува
„Силекс“ да прокнижи одлична добивка, иако основниот бизнис веројатно не му
одел сјајно, бидејќи е забележано намалување на основната приходна страна.

Н.Н.Ф.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy