Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Кратки ракави во ноември, но до кога? Од сабота голема промена на времето во Македонија
Македонија

Кратки ракави во ноември, но до кога? Од сабота голема промена на времето во Македонија

30/10/2023

AA

Во среда и четврток во Македонија ќе преовладува умерено облачно време со сончеви периоди, ветровитио и посвежо време со благ пад на максималните температури. Утринските температури од 4 до 12 односно од 6 до 14 степени, додека пак максималните дневни температури ќе достигнат од 16 до 25 односно од 13 до 22 степени. Во петок во утринските и претопладневните часови ќе преовладува умерено облачно со повремени сончеви периоди, во попладневните и вечерните часови како и во текот на ноќта петок кон сабота ќе преовладува умерено облачно и нестабилно време со врнежи од дожд. Утринските температури од 3 до 11 степени, додека пак дневните ќе достигнат од 17 до 26 степени. Во сабота во утринските и претпладневните часови нестабилно време со врнежи од дожд, попладне врнежите ќе престанат и ќе преовладува умерено облачно време со сончеви периоди. Утринските температури од 5 до 13 степени, додека пак максималните дневни од 12 до 21 степени, анализираат од Weather4all за 4NEWS.mk.

Во Македонија денес по свежото утро, во текот на денот имавме сончево и топло време со дневни температури кои што се над повеќегодишниот просек за овој период од годината. Во текот на ноќта понеделнбик кон вторник ќе преовладува претежно ведро време со појава на локална облачност и свежо време.

ЕВРОПА – Во вторник во поголедем дел до Европа ќе преовладува умерено облачно и нестабилно време со врнежи од дожд, ветровито и свежо време. Во крајните југоисточни и источни предели како и во југозападните предели и на Скандинавија ќе преовладува стабилно време со локална облачност.

БАЛКАН – На Балканскиот полуостров ќе преовладува умерено облачно и нестабилно време со врнежи од дожд, ветровито и посвежо време со пад на дневните температури. Локално во јужните, југоисточните и источните предели претежно сончево време со локална облачност. Максималните дневни температури ќе движат од 17 до 25 степени.

МАКЕДОНИЈА – Во Македонија во вторник по свежото утро, во текот на денот ќе преовладува претежно сончево време со појава на локална облачност, ветровито и релативно топло време. Ќе дува доумерен југоисточен и југозападен ветер. Минималните температури од 1 до 9 степени, додека пак максималните дневни температури во Македонија утре ќе достигнат до 16 односно до 25 степени.

СКОПЈЕ 5 ДЕНА – Во Скопје во среда и четврток умерено облачно време со сончеви периоди, ветровито и релативно топло времем со дневна температура до 22 односно до 19 степени. Во петок умерено облачно со сончеви периоди, попладне и навечер нестабилно време со врнежи од дожд. Утринската температура од 9 степени, додека пак дневната ќе достигне до 23 степени. Во сабота во утринските и претпладневните часови ќе продолжат врнежите од дожд и ќе преовладува умерено облачно и нестабилно време со врнежи од дожд, попладне умерено облачно време со сончеви периоди. Дневната температура до 18 степенил.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ИНСПЕКЦИЈАТА НЕ УТВРДИЛА ПРОПУСТИ ЗА БИЛЈАНА Нема неправилности според надзорот,

09/11/2026
Македонија

ЗНАМ НЕ ГИ МЕНУВА СТАВОВИТЕ СПОРЕД ДНЕВНО-ПОЛИТИЧКИ ИНТЕРЕСИ Реакции од

09/11/2026
Македонија

ИНСПЕКЦИЈАТА НЕ УТВРДИЛА ПРОПУСТИ ЗА БИЛЈАНА Инспекцијата не најде пропусти

09/11/2026
Македонија

ОБВИНИТЕЛСТВОТО НЕ ОТВОРА ПРЕДМЕТИ НА БАРАЊА НА ПОЛИТИЧКИ ПАРТИИ Закани

09/11/2026
Македонија

ВОЗЕЛ ИАКО ИМАЛ ЗАБРАНА, А СЕ ДВИЖЕЛ И ВО СПРОТИВНА

09/11/2026
Македонија

МАЈКА СЕ ОБИДЕЛА ДА МУ ВНЕСЕ МАРИХУАНА НА СИНОТ ВО

09/11/2026
Македонија

СУДОТ ВО КОЧАНИ ГО ОДБИ БАРАЊЕТО НА ИВА МИХАИЛОВА Ќе

09/11/2026
Македонија

УНИВЕРЗИТЕТОТ ВО ШТИП ИМ ГИ СТАВИ ВО МИРУВАЊЕ РАБОТНИТЕ МЕСТА

09/11/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46676
  • Регион 4000
  • Свет 20
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ИНСПЕКЦИЈАТА НЕ УТВРДИЛА ПРОПУСТИ ЗА БИЛЈАНА Нема неправилности според надзорот, јавноста бара целосна истрага

09/11/2026

Центарот за социјална работа во Гевгелија постапувал во рамките на законските надлежности и побарал заштитни мерки за 17-годишната девојка, но

ЗНАМ НЕ ГИ МЕНУВА СТАВОВИТЕ СПОРЕД ДНЕВНО-ПОЛИТИЧКИ ИНТЕРЕСИ Реакции од Движењето за алузиите за Врање

09/11/2026

Движењето ЗНАМ – За наша Македонија порачува дека Македонија мора да функционира како правна држава, во која Уставот и законите

ИНСПЕКЦИЈАТА НЕ УТВРДИЛА ПРОПУСТИ ЗА БИЛЈАНА Инспекцијата не најде пропусти во Центарот за социјална работа

09/11/2026

Центарот за социјална работа во Гевгелија постапувал во рамките на законските надлежности и побарал заштитни мерки за 17-годишната девојка, но

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy