
Кралот на Норвешка во болница во Малезија поради инфекција
Норвешкиот крал Харалд V (87) бил хоспитализиран во Малезија поради инфекција која ја добил додека бил на одмор.
„Неговото височество кралот се разболе за време на неговиот одмор во Малезија и таму беше хоспитализиран поради инфекција“, се вели во соопштението на норвешкото кралско семејство.
Се додава дека 87-годишниот крал Харалд V го згрижува малезискиот и норвешкиот медицински персонал.