Кралот Чарлс и кралицата Камила го исклучиле принцот Вилијам од должностите
Владата и кралското семејство се подготвуваат за најлошото сценарио доколку болест на кралот Чарлс Трети прогресира на полошо. Кралот неодамна објави дека се бори со рак, но видот на ракот не беше наведен во соопштението од Бакингемската палата.
Додека е на лекување, кралот Чарлс III работи од дома, додека Камила лично присуствувала на кралските ангажмани. Во исто време, Палатата нагласи дека 75-годишниот крал „останува целосно позитивен во однос на неговиот третман“ и „со нетрпение очекува целосно да се врати на должностите“.
Сепак, како дел од планот за вонредни ситуации, кралот Чарлс и кралицата Камила се состанале приватно со владини претставници за да направат аранжмани. Сепак, принцот Вилијам наводно е исклучен од подготовките и покрај тоа што е престолонаследник, пишува Page Six.
Се покажа дека кралот Чарлс Трети сакал да го поштеди Вилијам од дополнителен стрес бидејќи веќе ги балансира своите кралски должности со грижата за неговите три деца додека неговата сопруга Кејт Мидлтон е на хемотерапија.
Принцезата од Велс во петокот во снимена порака објави дека и бил дијагностициран рак по операцијата на стомакот, од која закрепнувала од јануари.
Кралот, наводно, ја донел одлуката имајќи го ова на ум, бидејќи верува дека сега е најдобро неговиот син да се фокусира на „поважни работи“, како што е грижата за своето семејство.