
„Кралот“ брзопотезно го освои Билбао – деби со гол на најскапото засилување Белингем (ВИДЕО)
Сефте гол на официјалното деби имаше најскапото засилување Џуд Белингем, кој летово од Борусија Дортмунд се пресели на „Сантјаго Бернабеу“ за вкупни 135 милиони евра (30 милиони евра се во бонуси), откако погоди по корнер кој го изведе Давид Алаба во 36-та минута за да ја дуплира предноста.
Осум минути претходно Родриго го постигна првиот сезонски гол за Реал и го најави триумфот и мадридскиот великан ја запиша првата победа сезонава во битката да ја врати шампионската круна која ја загуби во минатата сезона во битката со вечниот ривал Барслеона.
