
Краде ли струја? Ахмети објаснува за кабелот од струјомерот кој стана популарен за време на пописот
Фотографијата од спроведувањето на пописот во домот на лидерот на ДУИ Али Ахмети стана популарна на интернет. Не поради тоа што претседателот на ДУИ се попиша, туку затоа што во позадина се гледаше продолжен кабел.
Кабалот се гледаше кај струјомерот, па многумина коментираа дека лидерот на ДУИ не плаќа струја или краде.
Но тие дилеми по речиси две години конечно денеска ги разоткрива самиот Али Ахмети. ТВ21 објави дека вечерва од 20 часот ќе емитува емисија снимена во дворот на Ахмети во село Зајас.
Екипа на ЕВН била во домот на Ахмети и според неговото кажување се било во ред.