Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Крај за „бараките“ по 30 години: Бутел доби нова полициска станица, на местото на старата ќе никне парк и плоштад
Македонија

Крај за „бараките“ по 30 години: Бутел доби нова полициска станица, на местото на старата ќе никне парк и плоштад

14/12/2025

AA

По повеќе од три децении работење во субстандардни и импровизирани услови, полициските службеници од Бутел конечно добија нов, современ работен простор. Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, придружуван од премиерот Христијан Мицкоски и градоначалникот Дарко Костовски, денеска официјално го пуштија во употреба новиот објект на Единицата за внатрешни работи Чаир – ПС Бутел.

Новата полициска станица сега е сместена во кругот на Јавната установа „25 Мај“, потег кој според надлежните е пример за ефикасно искористување на постојните државни капацитети.

Министерот Тошковски истакна дека овој проект е реализиран преку успешна соработка помеѓу Владата, Општина Бутел и Министерството за труд и социјална политика.

Една од клучните новини е и решавањето на статусот на досегашниот објект на полицијата, кој министерот го опиша како „дотраен и нелегален“, а кој се користел повеќе од 30 години.

Според планот, старата станица ќе биде целосно срушена. На нејзино место, Општина Бутел веќе има подготвено проектна документација за уредување на нов јавен простор кој ќе вклучува:

Тошковски порача дека овој модел на рационално користење на ресурсите и меѓуинституционална соработка ќе продолжи да се применува и во иднина, како рецепт за подобрување на услугите кон граѓаните без непотребно трошење на буџетски средства.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy