
Крај на сагата: Брозовиќ и официјално стана најдобро платен хрватски фудбалер!
Интер од овој договор ќе добие отштета од 23 милиони евра, од кои една десетина ќе биде уплатена на Динамо Загреб како тим од кој се пресели во Милано, додека фудбалерот во следните три години ќе инкасира вкупно 100 милиони евра. Со ова, брозовиќ и официјално ќе стане најдобро платен хравтски фудбалер во моментов.
Хрватот беше желба и на Барселона, која не можеше да им парира на пребогатите Шеици. Тој од Интер си заминува со 330 одиграни средби во кои постигна 31 погодок.
