
КРАЈ НА НЕИЗВЕСНОСТА: 18.000 вработени во основното образование добија јануарска плата!
По неколкудневно доцнење, јануарската плата за вработените во основните училишта конечно е исплатена.
Речиси 18.000 просветни работници попладнево почнаа да ги добиваат средствата на своите сметки, со што се стави крај на неизвесноста која предизвика бура реакции во образовниот сектор.
Претходно од Самостојниот синдикат за образование, наука и култура (СОНК) алармираа дека списоците биле „заглавени“ во Министерството за финансии поради технички причини.
