
КРАЈ НА БЛОКАДАТА: ГП Евзони повторно отворен – рампата се крена за сите возила
Добра вест за патниците кои вечерва останаа заглавени на јужната граница. Блокадата на граничниот премин Евзони (влез во Грција) е тргната.
Според најновото известување:
Влезот во Грција сега се одвива непречено, по повеќечасовниот застој кој започна во 18:40 часот. Сообраќајот почнува да се расчистува.
