
КРАЈ НА 62-ГОДИШНАТА ЕРА: Германија на полноќ ги гаси последните нуклеарни реактори
Најсилната европска економија ги затвора своите последни три нуклеарни реактори пред полноќ во сабота, ставајќи крај на 62-годишната ера на нуклеарна енергија.
Германија ги затвори последните три нуклеарни реактори во саботата навечер пред полноќ.
Со ова завршува 62-годишната ера на нуклеарна енергија во таа европска земја.
Сепак, политичката дебата за напуштање на нуклеарната енергија не е завршена.